До денешен ден.

Ова е еден нетипичен пост од моја страна, бидејќи како што гледате, овој блог е наменет за мода и стил.

Но, овој пат решив да направам исклучок и да ви претставам еден преубав состав, може да се нарече и колумна од страна на една моја добра другарка.
Ние сакавме да го добиеме вашето внимание, посебно вниманието на нашата генерација, која се повеќе и повеќе се губи меѓу редови, не ја сваќаат суштината на животот.
Се надевам ќе ви се допадне.



До денешен ден.

Неделно попладне, од пуста досада единствено што можев да правам беше да висам на фејзбук и правам празни муабети со другарка, која по некоја случајност ми прати видео. И не би било толку интригантно да видеото немаше некоја поука.
Напротив, имаше! Имаше, и тоа толку силна поука за сите нас,целата наша генерација.
Видеото како и мојот наслов беше наречено До денешен ден, и во него се зборува за трајните белези од детството кои остануваат до крајот на нашиот живот. А што е па и потрагично е моментот во којшто се вели дека сите тие белези се лоши.
Едноставно болни, тоа беа само рани и гребнатини на нашите срца предизвикани од никој друг туку од класот.
Кај сите нас, барем еднаш во класот имаме слушнато како некој исмева некого поради ,,убавината,, која што не е доволно ценета како нечија друга.
Убавина?? Која е дефиницијата за убавина? Кои сме ние, луѓето, обични смртници, кои сме ние да дефинираме нечија убавина?
Дали сме должни да проценуваме? Осудуваме?
Секој има некое свое сваќање за убавината, но не секој знае да ја пронајде, да ја цени. И не секој е достоен да биде наречен грд!
Бидејки сите ние сме убави! Во сите нас се крие одредена убавина за којашто е потребно да ја види некој кој ке умее да ја пронајде, да ја извлече од сите тие грди реченици натрупани во нас, кои се упатени само од недовлоно образовани личности. Личности кои никогаш во животот немале направено добро дело.
И што е најтрагично, околу мене, од ден на ден се повеќе гледам како ми се упропастува генерацијата.
Гледам како убави деца “се трескаат од земја“ за ГЛУПОСТИ! Навистина се глупости тие нивни наводни проблеми од типот:
Па зошто не ми ставил/а лајк? А што да носам во школо утре? Со која боја да си ги налакирам ноктите? Зашто не ми пишува прв/а??
Срамота луѓе! До кај стигнавме??
Искрено се чудам како можеме да се однесуваме вака ладнокрвно према светот? Не обрнувајќи внимание на скршените срца коишто сами ги кршиме, и зашто?
Пак за внимание? Жално..
Жално е што неумееме да научиме малку повеќе да ќутиме! Затоа што некои луѓе се многу попаметни кога молчат, барем никого не повредуваат.
И едноставно што ми преостанува е да барем со ова натерам некого, БАРЕМ НЕКОГО да се освести и да го пренесе ова на останатите.
Затоа што се повеќе има деца коишто го живеат остатокот од животите маркирани, а се помалку луѓе (предизвикувачи) се свесни за тоа.

Дрпљанин Елма.


Сега би сакала, тоест, би ве замолила да го погледнете видеово, преубаво изработено и толку сурово прикажано што се случува со луѓето, со децата, со нашите пријатели, познаници, жители на оваа планета. Вреди да се погледне!






The Go - to look + New jewelry

So as the title says, this outfit represents my go-to look. A button up with a cute sweater on top and jeans, can't go wrong in my book.
I went shopping with my friend/official blog photographer with a special purpose, to find cute necklaces.

Big thanks to Marama for letting us Skopje girls know where to find cute necklaces that are really in style right now for cheap money.

Hope you like it :D

Како што кажува насловот, ова е тоа што носам кога немам време да смислувам комбинации и да пробувам 500 алишта. Кошула, над неа џемперче и фармерки, нема грешка кај мене.
Бев на малку шопинг со другарка ми/официјален фотограф за блогот со специјална причина, да се најдат слатки ланчиња!

Големо благодарам до Марама што не извести каков накит се крие на Битпазар.
Ве советувам сите да го посетите, нема што нема! Накит кој е ептен во мода моментално за никакви пари.

Се надевам ќе ви се допадне :D
П.С. Носев две прстенчиња, ама ги ставив во џеб додека шетавме низ Битпазар и заборавив да ги ставам.




Gold touch

  Two left feet - imChanel

I would like to start off by saying how amazing is the music that imChanel creates! You can find her on Soundcloud.com + there are a lot more amazing tracks that are mostly remixes or instrumental music by other artists.
It just relaxes me to the maximum and i am soo glad i found this site.

This outfit was inspired by my new loafers (which i adore) and i wanted to make a stylish outfit with them (even though i think that adding these loafers to any outfit will instantly give it more style points).
I paired my lovely zipper pants with a cute black t-shirt that is speckled with little rhinestones. I added a gold necklace to keep up with the theme of gold and black.
Hope you like it!


Би сакала да го започнам постов со препорачување на страната Soundcloud.com Имам маала опсесија со музиката која ја креира imChanel, толку е смирувачка и прекрасна за слушање. Оваа што ја имам постирано ми е најомилена. На оваа страна може да најдете и многу други артисти, кои прават свои инструментални музики или пак ремикси.

Now that this was said,можам да започнам за зборувам за комбинацијава, како што му е редот :D
Оваа комбинација беше инспирирана од моите нови балетанки, и сакав да покажам како би ги искомбинирала. Сакав да добијам еден шик изглед, но кога видов, балетанкиве на секоја најобична комбинација и даваат доза модерност (или мене ми се чини :D )
Се надевам ќе ви се допадне!


New in: Loafers

Hey hey!
Today i went shopping with some friends and i bought these adorable star patterned loafers. I have wanted a pair of nice loafers for such a long time and i am soo happy right now and i cant wait for the weather to get warm so that i can wear them!
Originally i wanted to buy leopard print loafers but sadly, there wasn't a size for me. So i opted for these.

I honestly can think of  hundreds of combinations and i think that i will not stop wearing these when it gets warmer.


Здравоо!
Денес бев на малку шопинг со пријатели и ги купив овие прееслатки ѕвездасти балетанчиња (буквален превод на loafers на македонски е мокасини, а овие не се мокасини, така да за мене се балетанки).
Сакав да си купам ваков тип на балетанка тоолку долго време, па сега едвај чекам да се затопли за да можам да си ги носам.
Оригиналната замисла беше да купам исти вакви но со лепард принт, но бидејќи немаа мој број ги земав овие.

Можам да замислам илјадници комбинации со нив, така да не би било чудно ако не ги извадам од нога уште од кога ќе биде потопло.





Heartbreaker

Marina and the Diamonds - How to be a Heartbreaker

It has been two weeks since my last post, and i am soo glad to be back, i just couldn't take it!
I have been out from 12 pm to 7 pm and i had absolutely no free time! So, today i gathered with my two besties so that we could catch up and have some fun like , aaand little old me brought the camera, so taking pictures was totally acceptable (wink)!

This is the outfit i wore to out school picture day, and i recreated it just for you :D I couldn't take pictures that day, so i think that this is reasonable enough.

Oh, and i bought these polka dot pants so of course i had to wear them! I have been on the hunt for a nice pair of polka dot pants for soo long, and i finally found these ones from  TALLY WEiJL.



Има добри две недели од мојот последен пост, и тоолку ми е мило што сум назад!
Бев излезена од 12 до 7 последниве две недели (фала ти втора смено!) и немав воопшто слободно време! Денес си се најдов со двете најдобри другарки и си зборевме и се зезавме, like old times! И јас како јас, ја донесов камерата и падна една добра фотосесија.

Оваа комбинација ја носев за школското сликање пред неколку дена и дека немав време тој ден да се сликам, надокнадив за тоа денес :D

И да, ги купив точкастиве панталони/хеланки (пак јас со тие xD) и мноогу си ги сакам! Барав добар пар панталони со точки и овие ми се допаднаа. Ги земав од Тејли Вејли.
П.С. Можеби сеуште ги има, беа 699 ден, а ако сакате вистинска панталона материјал, тогаш за истата цена има во Суите Бланко. Мене боите не ми беа погодени, затоа не земав од таму.