Sunday, January 18, 2015

A trip to...




Hello!
This post is a little different. It's not an outfit, like I regularly post, but a travel one! I am not that fortunate to get to visit new places very often, but when I do I like to be the typical tourist and enjoy myself. So, this weekend me and my fellow blogger Marija decided to go to Thessaloniki for a day. We found a good offer for "Shopping in Thessaloniki" and we had to go! 
There were two stops: Thessaloniki the city and Mediterranean Cosmos which is a really really big shopping mall situated outside the city. 
A little back story, I have been to Cosmos twice before, but never in the city, so I was extra excited. 
And, in 3 o'clock in the morning our adventure began! I will tell you right away, we didn't sleep for 24 + hours , but coffee and excitement gave us the boost we needed to run around town taking photos and looking at cute little coffee shops. I wish we stayed there a bit longer because we didn't have enough time to look at everything we wanted to look at, we needed to decide - Do we want to be tourists and explore the city, or do we want to go shopping. It turned out we did a little bit of both. 
I definitely want to go back to Thessaloniki so that I can finish exploring the city and to go to lots and lots of different cute restaurants because there were many! 
P.S. I did manage to get a proper outfit post out of this day, so keep an eye out for it, it's coming out in a few days. 
Hope you like the selection of photos, I tried not to go overboard I promise! 


Здравоо!
Овој пост е малку поразличен од тоа што обично го ставам на блогот односно не е аутфит пост. Викендов заедно со Марија  бевме во Солун на една од типичните шопинг тури кои ги има кога започнуваат попустите, и кога најдовме една супер понуда (односно Марија кога најде, јас само реков Супер, доаѓам!) решивме ова да ни биде една мини екскурзија и да изиграваме туристи! Се разбира дека имаше и шопинг, но додека бевме во Солун повеќето од нашето време го поминавме шетајќи и сликајќи. Јас пред ова немав идено во Солун така да овој дел од денот беше прилично возбудлив за мене. И сега ќе напоменам дека до крајот на денот немавме спиено 24 + часа, ама кафето и возбудата си го направија своето. Решивме да си дадеме 3 часа шетање, 1 час шопинг во Солун, знаејќи дека после тоа ќе идеме во Космос каде нема што друго да се прави освен да се купува (и да се јаде гиро мммм :3 ) Little did we know, времето ќе летне неверојатно брзо и се најдовме себеси трчајќи од продавница до продавница во Солун. 
Јас би сакала повторно да се вратам тука, навистина ми се допадна каква енергија има градот, плус ми остана половина од градот непрошетан, а и многу кафичи и ресторани непосетени!
П.С. Се разбира дека сликав и аутфит пост тука, ќе го објавам за неколку дена така да stay tuned! 
Се надевам ќе ви се допадне селекцијата на слики, да признавам дека половина и повеќе се од архитектурата на зградите, но лично тоа најмногу ме фасцинира во било кој град. Се надевам ќе ви се допадне. 



Мора едно selfie 

6 comments:

  1. Prekrasni fotografii, i super idea eden vikend zaedno da patuvate vo Grcija :)

    ReplyDelete
  2. Very intresting post)

    mary-tur.ru

    ReplyDelete
  3. Супер пост. Ама баш ме погоди со сликата од графитот со девојката, секој пат кога одам го фотографирам.

    ReplyDelete
    Replies
    1. Thank you, беше чест да се види IRL

      Delete
  4. Looks like a lovely place!

    -Magenta x
    http://magenta-s-w.blogspot.co.uk/

    ReplyDelete