A trip to... #4 (part II)



Hello again!
Time for part II of my travel post from Leptokarya, Greece. You can see part I here, in which I mentioned that in this post I will be talking more about the vacation and the place itself. So here it goes.
Leptokarya is actually a really nice town, with so many Greek Antique Stores and lots of cute beach side cafes (the one that I absolutely LOVED was "Paralia" with the most amazing decoration -pictures no. 4 and 5, not counting the one above-). The town is split with a railway station that you can of course cross and on both sides there is lots of streets full of vendors and tavernas serving up amazingly delicious giro (I would recommend getting some from Nikos, 2,20 e).
Now, something about the beach and the sea. The water is not the clearest, but that is understandable because this town is on an open sea in opposite of, let's say, Chalkidiki. There were a lot of waves though, and I LOVE waves haha. The beach is big and spacious, has enough space for people who want to pay for deck chairs and for ones who don't.
So, that is just about everything, without going too much into detail. if you have any questions you can ask them in the comments and I will reply.
Hope you enjoy the rest of the photos.

Здраво повторно!
Време е за вториот дел од мојот пост за Лептокарија, Грција. Овде можете да го видите првиот дел, во кој спомнав дека во овој пост повеќе ќе се задржам за самото место.
Лептокарија е всушност многу фино градче, со многу продавнички за грчки антиквитети и многу преслатки кафе барови и ресторанчиња покрај морето (тој што најмногу ми се допадна е кафе барот "Paralia" со неверојатната декорација, тој е на сликите 4 и 5 не броејќи ја таа погоре). Градот е поделен на два дела со една железничка станица, која секако може да се поминува, и и на двете страни од градот има две прилично големи шеталишта исполнети со бутици, продавнички, кафе барови и таверни кои го служат најубавото гиро (јас би го препорачала гирото од Никос, 2,20 е)
Сега, нешто повеќе за плажата и морето. Водата не е најчиста, и прилично е длабока, започнувајќи со камења но потоа продолжува со песок. За самата чистота на водата, мислам дека е разбирливо бидејќи сепак градот се наоѓа на отворено море .наспроти, еве да речеме Халкидики. Исто така, имаше прилично многу бранови кои носеа секакви тревки, но не ми пречеше, обожавам бранови хаха. Плажата е голема, има доволно место и за тие што носат свои лежалки и чадори, и секако и за тие што преферираат да платат.
Тоа е скоро се што може да се каже за Лептокарија, супер туристичко место во кое 7 дена се доволни за да се прошета темелно. Ако имате повеќе прашања, слободно оставете коментар и ќе ви одговорам.
Се надевам ќе ви се допадне остатокот од сликите.






1 comment

  1. I jas bev na istovo mesto i navistina e prekrasno, vistinsko mesto za odmor !
    preubavi fotografii (Y)

    mimiinciarasworld2.wordpress.com

    ReplyDelete