FWSK | Jovana Filipovic AW/'15/'16



Next up is one of my favorite shows of FWSK this season. Jovana Filipovic is already one of the most well known fashion designers in Macedonia and she is quickly escalating to international fame, showcasing her latest collection at Paris Fashion Week and Shanghai Fashion Week, which is an enormous achievement. I am so glad that Macedonian fashion designers are getting more and more acknowledged for their work because it is amazing, as it is shown by Jovana Filipovic's A/W collection.
Filipovic describes the collection as fashion for the bold and brave woman from the future, giving the message "The future is now!" She takes inspiration from architecture, minimalism and neo futurism and all of this is more than visible in the pieces from the collection, which has a lot of clean cuts, defined silhouettes and dark monochromatic colors, leaving no space for error. Her broad range goes from formal gowns to the perfect coat, this collection didn't leave a single person disappointed.
Photography by: Vladimir Vidanovski 


Следна е една од моите најомилени ревии од FWSK оваа сезона. Јована Филиповиќ е веќе реномирана дизајнерка во Македонија која успева да се пробие и во интернационалните модни води, таа веќе ја има изложено оваа колекција на Paris Fashion Week и Shanghai Fashion Week што е многу големо достигнување, и мило ми е што македонските модни дизајнери успеваат да се пробијат бидејќи сите имаат навистина што да покажат, а доказ за тоа е колекцијава.
Филиповиќ колекцијата ја опишува како колекцијата за смелата и храбра жена од иднината, давајќи ја пораката "Иднината е сега!" Таа зема инспирација од архитектурата, минимализмот и неофутуризмот. Сето ова е повеќе од видливо во колекцијата на Филиповиќ, која се состои од многу чисти кроеви, дефинирани силуети и темни, монохроматски бои не оставајќи простор за грешка. Опфатувајќи се од свечени фустани до совршениот капут, оваа колекција не остави никој во салата рамнодушен.
Фотографија : Владимир Видановски 














No comments