Grey scale


Hello!
I can't believe it's almost the end of 2015, how crazy is that? This upcoming week I have a couple of exciting things planned which I hope you will find out about soon.
I decided to go for a casual yet not so casual look, with a super cool background. It just reminded me of Divergent for some reason haha.
I hope you enjoy the post!

Здраво!
Уште малку и веќе е крај на 2015, колку е тоа лудо? Нареднава недела е многу возбудлива за мене, многу работи се случуваат, за кои ќе дознаете со надеж наскоро.
Обично тука пишувам реченица две за комбинацијата но би сакала да поразговарам за нешто за што обично не зборувам затоа што вие го гледате крајниот резултат односно сликите, но не знаете што се случува позади сликите. Со оглед на тоа дека сме 21 век и сликањето е прилично нормална и секојдневна работа, нашиот македонски менталитет очигледно е заглавен некаде порано. Сигурна сум дека сите други блогерки знаат за што зборувам, а тоа е недоличното довикување, свиркање,ѕверење и слично. Не, не е пријатно кога некој од страна ти поставува глупави прашања од типот Зошто се сликате? или пак Еј види ги се сликаат! и мојот "фаворит" Супер си! И зошто луѓето ја чувствуваат потребата да застанат и да гледаат? Не да фрлат поглед, туку целосно да сопрат и да се приближат ,за нели, да имаат подобар поглед. Не градиме ракета овде, се сликаме. И фактот дека кога некој обично се слика за на блог сака да изгледа попретставително од обично, да се дотера и слично, не помага.Се надевам дека наскоро луѓето ќе се навикнат на оваа глетка како да е дел од секојдневието, затоа што и е.
Голем благодарност до Сара од блогот www.sarasimplified.com за сликите, исто така благодарност до момците кои довикуваа, и се разбира чуварот од другата страна кој не можеше да го тргне погледот бидејќи сигурна сум дека ова беше највозбудливата работа која му се има случено оваа недела.
Се надевам ќе ви се допадне постот.


2 comments

  1. Елена, многу убава комбинација, одлично ти прилега.

    А што се однесува до 'лошите'страни на блогирањето - воопшто не ги сакам очекувањата да бидеме манекенки, убави, слаби, високи...

    Ти си преслатка :D

    Sanja's Burgundy Blog
    Sanja's Burgundy Blog on Facebook

    ReplyDelete
  2. Prekrasna ti e kosata na prvata slika :)

    ReplyDelete