Oversized



Hello!
I am writing this post on a Wednesday morning before school aka the time when I should be studying but naaahhh. Priorities man. I have been practically living in this oversized sweater carding from Pull&Bear since I got it and honestly it has been my best decision so far. It gives me a free pass to wear literally anything underneath (I preffer T-shirts) without getting frozen. It also protects me from outside pressure from professors about how we have deadlines now and things will get really difficult since we are seniors (or I like to think it does!). I am not ready for the adult-like responsibilities honestly. Plus I now have to make some crucial decisions like find a dress and choose a college among many. I swear I have daily nightmares about my dress being a fail and everything turning out so bad due to my disorganization.
Anyways, how is your life going so far? Let me know in the comments, is there life after prom?
Hope you enjoy the post.
P.S. Gave myself some side bangs of sort. Time for a change in the new year, am I right?

Здраво!
Го пишувам овој пост во Среда наутро кога треба ова време да го користам учејќи, ама неее. Приоритети. Практично живеам во ова огромно џемперче од Pull&Bear откога го купив. Буквално ми дава можност да носам што сакам под него (јас одбирам тоа да се маички на кратки ракави) без да смрзнам, што е одлично. Исто така сакам да мислам дека ме штити од надворешниот притисок на професорите за тоа како треба озбилно да си ја сфатиме работава, како мора да ги завршиме проектните, треба да почнеме да се спремаме за полагањето и ситеее тие прекрасни работи кои доаѓаат со титулата "4 година".. Забавно, нели? И како јаготка на шлагот, редовно имам кошмари за тоа како матурскиот фустан изгледа ужасно и како јас паничам и и се дерам на мајка ми во последен момент.
Како и да е, како оди вашиот живот до сега? Пишете во коментарите, постои ли живот после матура?
Се надевам ќе ви се допадне постот.
П.С. Си направив некаков вид на шишки, ни јас самата не знам хаха. Малку промена во новата година, така?


1 comment

  1. Ме насмеа со делот за тоа дали постои живот после матура. :D
    Секако дека постои и не само што постои, туку е и многу пати подобар од тој претходниот на кој сигурна сум дека многу ретко ќе се навраќаш. :)
    Кога го завршив факултетот, зажалив што не уживав доволно во слободното време кое студирањето ми го пружаше и посакувам некој да ми дадеше совет пред да започна со студии дека ова време никогаш повеќе не се враќа и дека максимално треба да се искористи. Што мислам под максимално? Да, учењето е напорно и нормално дека треба да се учи и докажува, но никогаш не треба да се сфати пресериозно и да се паѓа во депресии поради лоша оценка или недостаток на време поради премногу обврски. Обврските доаѓаат потоа. Додека си ученик или студент, секогаш ќе имаш повеќе слободно време отколку после тоа - затоа уживај, младоста е само твоја. :)
    Инаку, добар аутфит. :D

    ReplyDelete