A trip to... #8


Hello!
I hope you enjoyed my last post about the wonderful Palermo, but now we are taking a trip down Gerace and the small picturesque Borgo Antico. Borgo Antico or The Medieval Town was our main trip, as the castle or "the town" is situated at the top of Gerace. I went with an open mind and little expectation on this trip, but was pleasantly surprised. Borgo Antico was adorably quiet and tucked away from the world, with a couple of inhabitants living in small picturesque houses. At times like these I wish I was in their shoes for at least a day, to feel the peace that they feel. Just like the rest of Italy, there is an abundance of churches  (there used to be 128, but not all are remaining) and we visited two of them. I snapped a "quick" picture that you can see below of the amazing altar from the church of St. Francis that dates back to the 13nth century. When we were left with about an hour to just wonder around the village, we took the advantage to walk through every little street, even if that meant walking straight into someone's backyard. 
And now I hope you enjoy the photos and until the next travel post!



Здраво!
Се надевам дека ви се допадна мојот последен пост за прекрасниот Палермо, но сега ќе прошетаме низ Џераче и Borgo Antico. Borgo Antico или Средновековниот Град беше нашето главно патување бидејќи се наоѓа на врвот на Џераче и е тоа што најмногу е вредно да се види. На патувањево отидов без никакви очекувања, но бев пријатно изненадена од тоа што ме пречека. Borgo Antico беше неодоливо тивко место, скриено од целиот свет, со неколку населеници кои живеат во мали фотогенични куќички. Во моменти како овие посакувам да бев на нивно место, живеејќи мирен и спокоен живот. Исто како и остатокот од Италија, Џераче има изобилство на цркви (некогаш биле 128, но не сите се сочувани), и ние посетивме две. Една од двете беше црквата на Св. Францис која датира од 13 век, и нејзиниот познат алтар направен целосно од мермер кој "набрзинка" го сликав (сликата може да ја видите подоле). Кога ни преостана околу час за прошетка низ селото, решивме максимално да ја искористиме шансата и да ги прошетаме сите улички кои можевме да ги видиме, дури и тоа да значеше влегување во нечиј двор. 
Се читаме во следниот пост!



No comments