Monthly Moments | February


And just like that, we're saying goodbye to February!
February was the month of reconnecting with friends for me, and I loved every minute of it. Marija from Fabulous Is Freedom came back from university in Ljubljana and I wanted to spend as much time with her as I could, so when she asked me if I wanted to go to Thessaloniki with her for a day of course I said yes. Our last trip to Thessaloniki was quite a rushed one, so I made it my responsibility to make things go as smooth as possible. One of my most favorite things to do is search for cool coffee places to visit online, so that we don't regret not going somewhere afterwards. So, in my quest to find the perfect spot, I narrowed down the decision between two places: Piece of Cake & TOMS Flagship Thessaloniki. We were planning on visiting the first place, but when we found out that TOMS was easier to find (and closer) we decided to go there instead. And boy, was that the right thing to do! As soon as we entered in the venue our jaws dropped and I knew we were in one of the coolest places I've ever been to. As you probably guessed by now, this is a store/art gallery/coffee shop that sells TOMS shoes and accessories. And what's even more amazing is that for every pair of shoes that's bought a pair is donated to a person in need, and for every bag of coffee that's finished 140 l. of clean water are also donated. I read that here there's always something new to see like an exhibition, workshops etc. When we walked in we were greeted by an amazing atmosphere, the perfect lighting due to the open dome rooftop and a stray dog lying between the tables. We ordered our coffee and sat down to take a break, but I knew that I needed to get to work. So I took Marija's camera and went full-on-tourist-mode. I tried to capture the atmosphere as best as possible, but I guess you'll have to visit this place yourselves to experience it the best.

И еве, се приближува крајот на Февруари.
Овој месец за мене беше време поминато со пријатели кои одамна ги немам видено, и ја обожавав секоја секунда од тоа. Марија од блогот Fabulous Is Freedom се врати од Љубљана и сакав да поминам колку што е можно повеќе време со неа додека е тука, па кога ме викна да одиме во Солун на еден ден со задоволство прифатив. Нашето последно патување до Солун беше ептен неорганизирано (наша кривица) и затоа решив овој пат јас да бидам задолжена за организирање на време. Знаевме дека нема да имаме многу време во самиот град, па сакавме тоа време да го поминеме шетајќи се и секако да седнеме на некое кул место на кафе. Една од моите омилени работи е наоѓање на интересни кафичи кои би можеле да ги посетиме кога сме во друг град преку интернет, и овој пат најдов две подеднакво интересни места: Piece of Cake & TOMS Flagship Thessaloniki. Решивме да одиме на првото место, но бидејќи бевме поблиску до TOMS го сменивме планот и се упативме натаму. Ова беше една од најдобрите одлуки во мојот живот бидејќи местово беше толку добро што решив овој цел пост да му го посветам нему. Уште од самото влегување во просторот, бевме пречекани од прекрасна атмосфера, совршено природно осветлување и улично куче како си спие меѓу масите. TOMS Flagship е всушност кафич/галерија/продавница за ТОМS чевли и аксесоари. Покрај прекрасниот ентериер и огромниот избор на кафе, дознавме дека со секој купен пар TOMS чевли, еден пар чевли е дониран на тие на кои им е потребно, исто така за секоја потрошена кесичка кафе 140 литри чиста вода се донирани. Прочитав дека тука често се организирани работилници и самостојни изложби што е исто така многу кул концепт за место.
Пробав да ја доловам атмосферата најдобро што можам со фотографии, но сепак ова место мора да се посети во живо бидејќи е едно од најкул местата што ги имам посетено во последно време.




No comments