Monthly Moments | March


Hello!
Decided to bring back Monthly Moments a bit earlier this time. But it's not just a regular Monthly Moments post - it's a collab between me and two girls by the names of Marija and Teona. We've gathered to give you our recommendations for the cutest coffee shops in Skopje, London and Ljubljana. Go over to Teona's Wanderlust to see where she likes to brunch with her friends in London,and if you want to see Marija's favorite place in Ljubljana head over to Fabulous Is Freedom.
With that being said, I got to choose one place in my hometown of Skopje for this post. One of the places I always walk out of feeling more relaxed and happy is Squeeze Me, the perfect marriage between guilty pleasures and healthy delicious-ness. I don't know what I love more about this place, the uplifting interior or the dreamy Peanut Butter Cheesecake. They also have an array of smoothies and healthy juices that always catch my eye, but I always tend to stick to the sweet stuff like the cheesecake or the carrot cake. I love the atmosphere there, the quirky furniture and little details like the quote boards all around make you feel like you've entered a whole new world.
Hope you'll enjoy the post!

Здраво!
Решив малку порано да го споделам Monthly Moments постот овој пат, но со мала промена. Заедно со прекрасните Марија и Теона одлучивме да направиме постови во кои ви препорачуваме одредени кафичи, секоја од различна гео локација. Доколку сакате да го видите изборот на Теона од Лондон, посетете го нејзиниот блог Teona's Wanderlust, а за омиленото бранч место на Марија во Љубљана - одма до Fabulous Is Freedom. Јас бидејќи сум си во Скопје, со задоволство прифатив да го споделам моето омилено место со вас. Имам зборено и за други кафичи низ Скопје, но Сквиз Ми периодов ми стана омилено место. Иако и порано одев во Сквиз Ми, оваа зима со радост го посетував местово знаејќи дека имаат голем избор на La Cha чајчиња, и иако обично не пијам многу чаеви, за овие можам да направам исклучок. Бејсикли, отидов за чајот - останав за прекрасната атмосфера. Без разлика дали сакате нешто здраво и вкусно или пак сосема спротивното (делот Guilty Pleasures на менито), Сквиз Ми е како среќен брак помеѓу двете. Моите препораки се Peanut Butter Cheesecake, Carrot Cake, огромното колаче, било кое од нивните smoothies, чаевите се разбира и доколку барате невообичаена салата со прекрасен вкус - Салата со прелив од Манго.
Ентериерот е важен дел за мене кога барам нови места за пиење на кафенце или јадење, и дефинитивно тука ентериерот не разочарува. Секое ќоше е своја приказна, и на секоја маса може да се најде некоја чудна игра (пример, минатиот пат со другарките поминавме пола саат играјќи карти, а картите беа поголеми од нашите глави што правеше се' 10 пати поинтересно), така да тука никогаш нема да ви е здодевно.
Се надевам ќе ви се допадне постот!



1 comment

  1. Апсолутно се согласувам со секој збор за Сквиз Ми :) И моја препорака е салатата со манго прелив. Одлична соработка на сите три :)

    Sanja's Burgundy Blog
    Sanja's Burgundy Blog on Facebook

    ReplyDelete