Mark


Здраво!
Овој пат имам поразличен пост од вообичаеното, и иако не сум бјути блогер решив да споделам со вас неколку продукти кои ги добив од Аvon Македонија и да напишам збор-два за истите.
Новата линија Mark е составена од впечатливи мејкап производи кои се наменети за девојките кои сакаат да бидат креативни со нивната шминка и да бидат забележани благодарение на високо пигментираните производи кои се дел од оваа линија. Во продолжение ќе прочитате за новата Spectralash маскара, Magix Face Primer & Avon Plum It Lipstick.



Ова е првата база која ја имам користено, а прва е бидејќи сметав дека не ми е потребна било каква подлога под пудрата освен крема. Тука се имав излажано бидејќи оваа подлога ја прави апликацијата на пудрата совршена. Одлично ги пополнува порите и дава smooth finish на лицето. Оваа база е мојот нов go-to мејкап производ, толку е добра!


Spectralash маскарата е најновиот производ во Mark линијата, и истата нуди 3 опции за различен волумен по желба. Оваа маскара одлично ги истакнува трепките, заедно со виткач на трепки имате a match made in heaven! Јас обично ја користам наместена на бр.2, но доколку сакате ултра драматичен изглед дефинитивно користете ја на бр.3 .


Јас како самопрогласен обожавател на кармини во потемни нијанси, бев пресреќна со бојатa Berry Cute. Карминот е високо пигментиран и полу-мат, доволно кремаст да не ги исуши вашите усни. Останатите 14 нијанси се исто така прекрасни, со било која нијанса не би можеле да погрешите оваа пролет.

Што мислите за ваквиот тип на постови? Оставете ги вашите коментари подоле!

1 comment

  1. Se soglasuvam za bazata prekrasna e! :)
    I da, jas kako beauty blogger sakam uste vakvi postovi <3

    ReplyDelete