Thursday, October 19, 2017

Avon Mark. Liquid Lip Laquer Review


Здраво!
Ако нешто треба да знаете за мене, тоа е дека имам голема љубов кон било каков тип на кармин, но посебно течните кармини кои станаа хит во декоративната козметика последниве неколку години.
Заедно со Авон Македонија се здруживме за да ви ја претставиме новата линија на течни кармини Mark, а во видеото кое го изработивме заедно, може да погледнете која нијанса ми остави најголем впечаток и каков изглед би можела истата совршено да комплетира.

Имав можност да ги пробам сите нијанси и дефинитивно сум изненадена од самата формула и долготрајноста на карминот. Но, тоа што најмногу ми се допаѓа е колку лесно се нанесува (а сите знаеме дека течните кармини се едни од најтешките за нанесување) и тоа е благодарение на формата на апликаторот. Пријатниот мирис е исто така голем плус!

П.С. Организираме и дарување, па доколку сакате да освоите 2 Mark. Liquid Lip Laquer кармини клик ТУКА за повеќе информации.






No comments:

Post a Comment